Најмалку 29 лица загинаа во автобуска несреќа во северна Индија
Најмалку 29 лица загинаа рано утрово во Северна Индија кога автобус излета од експресен пат и падна во амбис, соопшти полицијата, а пренесе ДПА.
Како пшто пренесува ДПА, несреќата се случила во областа Агра, во државата Утар Прадеш, откако возачот ја загубил контролата врз управувачот на автобусот, и дозволил возилото да падне во канал длабок 15 метри.
Автобусот, што превезувал 46 лица, се движел кон главниот град Њу Делхи.
-Најмалку 27 тела беа пронајдени во автобусот, што делумно беше потопен по несреќата. Уште двајца од патниците починаа подоцна, на патот кон болниците. Седумнаесет повредени се спасени, изјави еден полицаец од Агра.
Локалните медиуми објавија дека возачот заспал зад воланот, губејќи ја контролата врз автобусот. Не е познато дали и тој е меѓу загинатите.
Полицијата соопшти дека почнала истрага за утврдување на причината за несреќата.
Според најновите владини податоци, во Индија во 2018 година во сообраќајни незгоди загинале речиси 149.000 лица, а државата Утар Прадеш го има најголемиот скок во смртните случаи, наведува ДПА.
Ново на Сител
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени