Loading Video...
Свет
21. July 2021 - 17:18

Најмалку 25 загинати во неколкуте поплави во централна Кина

25 лица загинаа во поплавите во главниот град на кинеската провинција Хенан, предизвикани од обилните дождови. Се стравува дека бројката на пронајдени безживотни тела ќе биде многу поголема. Околу 200 000 жители се евакуирани на безбедно место.

Снабдувањето со вода и електрична енергија на повеќе места во градот е во прекин а патиштата и подземната железница се поплавени. Голем број се луѓе се заробени во возовите. Ситуацијата е драматична. Вакви дождови се случуваат само еднаш на секои 100 години  соопшти тимот за управување со кризи.