Свет
24. November 2019 - 15:56

Најмалку 24 луѓе загинаа при уривање на авион во ДР Конго

Најмалку 24 луѓе загинаа при денешниот пад на мал авион во Демократска Република Конго, соопштија спасувачките служби.

Авионот се урнал при полетувањето во местото Гома, во населен кварт во близина на аеродромот.

– До сега извлековме 24 тела, изјави претставник на цивилната заштита.

При уривањето на авионот оштетена е најмалку една куќа.

Во октомври загинаа осум патници при пад на товарен авион по полетувањето од истиот аеродром. Авионските несреќи во ДР Конго се прилично чести поради ниските безбедносни стандарди и лошото одржување на авионите.