Најмалку 24 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Авганистан
Најмалку 24 лица загинаа во северен Авганистан, кога автобус со 50 патници се судрил со камион што превезувал храна.
По судирот, автобусот, кој патувал на линијата Кабул-Мазар-Шариф, излетал во амбис, соопшти Сарајудин Фитрар, гувернер на округот Хазрат Султан во покраината Саманга, каде што се случила несреѓата.
Фитрар информира дека загинале 24 лица, а 17 се повредени, меѓутоа авганистанското Министерсто за одбрана соопшти дека при несреќата загинале 43 лица, а три се повредени.
Несреќата се случила на автопат долг 2.200 километри, кој ги поврзува големите градови во Авганистан. Несреќите со смртни последици се чести на авганистанските патишта, најчесто поради нивната лоша сосотјба.
Во ноември Светската банка најави дека ќе ги деблокира 250 милиони долари за поправка на патот кој минува преку масивот Хинду Куш, кој е клучната артерија за авганистанската трговска размена.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот