Свет
10. April 2016 - 20:30

Најмалку 24 борци на ИД и осум цивили загинаа во воздушни напади во Рака

Најмалку 24 борци на Исламска држава и осуммина цивили загинаа денеска во воздушни напади на сирискиот град Рака, кој се смета за упориште на џихадистичката група, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Засега не е познато дали нападите ги извршиле авиони на сириските, руските или меѓународните коалициски сили, предводени од САД.

- Меѓу убиените има и тројца команданти на ИД, истакна директорот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.

Во нападите уништени се цивилни објекти, меѓу кои болница, игралиште и училиште.