Свет
25. September 2022 - 16:57

Најмалку 23 загинати во бродска несреќа во Бангладеш

Најмалку 23 лица загинаа, а околу 25 се водат како исчезнати откако денеска потона брод во реката Каротоа во северен Бангладеш, соопшти полицијата.    

Пожарникарите и нуркачите трагаат по исчезнатите. Во моментот на несреќата во пловилото имало 50 хиндуистички аџии. Бродот потона на реката Каротоа во близина на градот Бода во северниот дел на Бангладеш.