Најмалку 23 убиени авганистански војници во инсајдерски напад на талибанците во воена база во покраината Газни
Најмалку 23 авганистански војници се убиени од група талибански борци, кои биле инфилтрирани во нивните редови, во југо-источната провинција Газни, соопштија синоќа локалните власти, јави ДПА.
-Инфилтрираните талибанци ги нападнале војниците во воената база во покраината Карабаг, соопштија членовите на локалниот совет Есматулах Јaмамрудвал и Аманалах Камран.
Во инцидентот е ранет уште еден војник, но преживеал само затоа што се преправил дека е мртов, соопштија официјалните лица.
Талибанците ја презедоа одговорноста за инцидентот, тврдејќи дека во нападот се убиени 32 авганистански војници. Засега нема потврда за оваа бројка, пренесува ДПА.
Провинцијата Газни не е нова почва за овој вид инсајдерски напади, што е вообичаен стил на дејствување на талибанците. Во изминатите две години во различни делови на покраината, во вакви напади беа убиени десетици претставници на авганистански безбедносни сили, наведуваат официјални преставници на властите.
На покраината Газни и недостасува воен персонал, а нововработените војници често пати не подлежат на соодветни заднински безбедносни проверки, потсетува германската агенција.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација