Свет
17. May 2017 - 21:50

Најмалку 23 цивили загинаа во воздушен напад во Јемен

Најмалку 23 цивили денеска погинаа во напад на коалициските сили,  предводени од Саудиска Арабија, врз градот Таез, на југозапад од Јемен, соопштија бунтовниците.

Меѓу загинатите има деца и жени, пренесоа француските медиуми.

Според наводи на неименуван воен извор, во нападот загинале 20 цивили, а нападот бил резултат на грешка.