Свет
11. December 2016 - 11:59

Најмалку 22 убиени и 35 ранети лица во експлозија крај коптската катедрала во Каиро

Најмалку 22 лица загинаа и 35 се ранети денеска во експлозијата кај катедралата „Свети Марко“ на коптската христијанска црква во Каиро, соопшти египетското Министерство за здравство, цитирано од ТАСС.

Според египетската државна телевизија, експлозијата се случила внатре во катедралата, што се наоѓа во квартот Абасија.

Египетската агенција МЕНА јави дека маж фрлил бомба во параклисот до надворешниот ѕид на катедралата, која е седиште на египетската православна христијанска црква и во која се наоѓа и канцеларијата на нејзиниот духовен лидер, патријархот Тауадрос Втори, пренесоа американските медиуми.