Најмалку 22 повредени при судар на два воза кај Нови Сад
Најмалку 22 лица се повредени синоќа при судар на патнички и товарен воз во близина на српскиот град Нови Сад, јави Танјуг.
Според директорот на железничкото претпријатие „Србијавоз“, Југослав Јовиќ, при несреќата потешко се повредени четири лица, додека останатите 18 минале со полесни повреди.
- Сите повредени се вон животна опасност, но засега немаме инфромации колкумина од нив ќе бидат задржани на болничко лекување, рече Јовиќ.
Според извори во српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура, несреќата се случила кога патничкиот, што сообраќал на релација Нови Сад - Сомбор, удрил во последниот вагон од товарната композиција што се движела пред него.
Во време на сударот патничкиот воз се движел со брзина од 15 километри на час.
Засега не се познати причините за сударот, како ни зошто двата воза се движеле по ист колосек.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност