Свет
5. јуни 2017 - 11:17

Најмалку 22 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Индија

Најмалку 22 лица загинаа, а 15 се повредени кога автобус удрил во камион во северна Индија, соопшти денеска полицијата.

Претставникот на полицијата, Сантош Јадав изјави дека во автобусот се наоѓале 37 патници и по сударот возилото се запалило.

Јадав истакна дека возачот на автобусот и кондуктерот се здобиле со полесни повреди, додека возачот на камионот не е повреден. 

Во Индија сообраќајните несреќи се честа појава, а тие се случуваат претежно поради невнимателното возење, лошите патишта и старите превозни средства. Годишно во нив животот во губат над сто илјади луѓе.