Свет
19. April 2016 - 8:38

Најмалку 21 ранети при експлозија во автобус во Ерусалим

Најмалку 21 лице се ранети синоќа при експлозија на бомба во автобус во јужниот дел на Ерусалим, соопшти израелската полиција.

Според болнички извори, како што јави Би-Би-Си, две од повредените лица се наоѓаат во критична состојба.

Најголемиот дел од ранетите се наоѓале во автобусот, но меѓу нив има и патници на еден автомобил кој минувал крај автобусот во време на експлозијата на бомбата. Покрај автомобилот, при експлозијата е оштетен уштен еден автобус во движење, во кој немало патници.   

Во полициското соопштние се посочува дека  бомбата експлодирала во задниот дел на автобусот.

Претставник на полицијата за телевизијата Канал 2 изјави дека инспекторите се обидуваат да утврдат кој ја поставил бомбата. Тој, меѓутоа, одби да ги коментира тврдењата на некои медиуми дека еден од повредените патници немал документи за лична идентификација и дека е осомничен како извршител на нападот.