Свет
14. July 2017 - 9:05

Најмалку 200 екозаштитници убиени лани, тврди невладина организација

Најмалку 200 луѓе се убиени минатата година додека воделе битка за заштита на животната средина протестирајќи против рудници, шумски или земјоделски проекти, и тоа е рекордна бројка, објави невладината Глобал витнес.

Најголем број од жртвите се во Бразил – 49, во Колумбија се убиени 39, 28 на Филипини и 16 во Индија.

Невладината организација алармираше за зголеменит број жртви – 185 во 2015 година, и се поголемиот број држави каде се регистрирани такви убиства (24 во 2016 наспроти 16 во 2015 година).

– Вистинскиот број на жртви е веројатно повисок, предупредува организацијата што извршува анализи од 2002 година.

Во 40 отсто случаи жртвите се луѓе кои живеат во местото на инцидентот и чија земја се присвојува од компании, нови сопственици или локални влијателни личности.