Свет
31. May 2017 - 8:48

Најмалку 20 загинати и над 300 ранети во нападот во Кабул

Најмалку 20 луѓе загинаа и над 300 се ранети во самоубиствениот напад во Кабул извршен денеска, соопштија здравстѕвените власти. Локални медиуми јавуваат за најмалку 50 загинати и над 150 повредени

.

Директорот на болничката служба во авганистанскиот главен град изјави за ДПА дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи голем дел од ранетите се во критична состојба.

- Од цистерната со која бил извршен нападот не останало ништо, изјави портпарол на авганистанското МВР. Нападот бил извршен на плоштадот Занбак во центарот на Кабул во близина на германската Амбасада.