Балкан
21. August 2017 - 12:22

Најмалку 20 туристи се повредени во сообраќајка во Анталија

Најмалку 20 туристи се повредени при сообраќајна несреќа во јужниот турски округ Анталија, а меѓу нив има и странски државјани, јави БТА.

Минибусот во којшто патувале локални и странски туристи, се превртел на излегување од тунел на автопатот Анталија - Кемер, откако возачот загубил контрола над возилото, поради дожд. Повредените се пренесени в болница.

Засега не се соопштува националноста на повредените странски туристи.