Свет
21. November 2017 - 11:12

Најмалку 20 лица загинаа во самоубиствен напад во Нигерија

Најмалку 20 луѓе загинаа во самоубиствен напад врз џамија во североисточниот дел на Нигерија.
 
- Бомбашот го активира експлозивот кога верниците доаѓаа на утринска молитва, изјави портпаролот на полицијата Отман Абубакар.
 
За сега никој нема преземено одговорност за нападот.
 
Се претпоставува дека нападот е изведен од припадници на Боко Харам.