Свет
2. December 2015 - 21:36

Најмалку 20 лица убиени во масакр во Калифорнија

Непознат напаѓач денеска убил најмалку 20 лица во близина на терен за голф во градот Сан Бернардино, во американската сојузна држава Калифорнија, пренесуваат светските агенции.

Пожарникарската служба на Сан Бернандино постави пост на Твитер дека „во инцидентот се убиени 20 лица“ и дека се наоѓа на лице место. 

Напаѓачот се уште е во бегство, јавија Би-Би-Си и НБЦ.

Повредените лица спасувачите ги превезеле со автомобили и возила на брзата помош.

Полицијата ги предупредила граѓаните да не излегуваат од своите домови.

Според неофицијални информации, во нападот учествувале три лица.

Големи групи лица, со кренати раце во воздух, ја напуштиле зградата што била цел на нападот.