Свет
7. January 2017 - 13:15

Најмалку 19 загинати во бомбашки напад во сирискиот град Азаз, на границата со Турција

Најмалку 19 лица, од кои повеќето цивили, погинаа денеска во бомбашки напад во сирискиот град Азаз, на границата со Турција, соопшти Центарот за мониторинг на човековите права, пренесе Танјуг.

Во нападот, што бил изведен пред зградата на судот, ранети се десетици лица, наведува Центарот, чие седиште е во Велика Британија.

Азаз се наоѓа под контрола на бунтовниците, наведуваат француските медиуми, додавајќи дека експлодирал автомобил-бомба.

Има стравувања дека бројот на жртвите може да биде и поголем.

Во ноември минатата година, 25 лица погинаа во напад во Азаз. Тогаш бунтовниците за нападот ја обвинија Исламска држава, која е активна во другите делови на сириската провинција Алепо, а претходно се обидувале да го освои и Азаз.