Најмалку 19 мртви на концерт на Аријана Гранде во Манчестер
Најмалку 19 лица загинаа, а околу 50 се повредени во најмалку една експлозија која одекна на концерт на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, јави Ен-Би-Си њуз, повикувајќи се на полициски извори.
Британската премиерка Тереза Меј соопшти дека свикува за во 9 часот по локално време во Лондон вонредна седница на владината комисија „Кобра“ поради синоќешната експлозија во Манчестер.
Иницидентот таа го нарече „ужасен терористички чин" и истакна дека нејзините мисли се со повредените и со семејствата на сите жртви.
- Ние работиме на тоа да ги утврдиме сите детали“ од инцидентот, истакна Меј.
Полицијата засега претпоставува дека станува збор за две детонации, но се уште не се знае причината за експлозиите.
Најмалку една експлозија одекна по завршувањето на концертот на Аријана Гранде, по што илјадници лица во паника почнаа да го напуштаат настанот. На Твитер се поставени видеа во кои се гледа како фанови бегаат и врескаат.
Според зборовите на очевидци, повеќето гледачи меѓу 20-илјадната публика биле деца и адолесценти, со оглед на тоа дека 23-годишната американска пејачка е идол на многу млади луѓе.
Нејзиниот портпарол соопшти дека таа не е повредена.
„Скршена сум. Жалам од дното на душата за тоа што се случи. Едноставно немам зборови“, напиша таа на Твитер.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка