Свет
27. January 2019 - 11:49

Најмалку 19 лица загинаа во двоен бомбашки напад на Филипини

Две експлозивни направи биле активирани за време на неделната служба во Католичката катедрала во јужниот дел на Филипини, убивајќи најмалку 17 лица и оставајќи десетици ранети, соопштија властите од островската држава.
 
Според изјавите на официјалните лица, првата експлозија одекнала внатре во катедралата, а втората на паркингот пред храмот. Се уште никој не ја преземал одговорноста за нападот.
 
Нападите се случиле откако во регионот е одржан референдум за автономија на областа под име Бангсаморо. Поголемиот дел од населението го поддржала планот на самоуправување до 2022 година.
 
На референдумот одржан на почетокот на неделава 85 отсто од населението ја поддржало опцијата за независност на регионот. Џоло е седиште на терористичката организација Абу Сајаф која се заколна на верност кон „Исламска држава“.
 
Истрагата е во тек, а владата соопшти дека ќе ги гони напаѓачите „се додека секој убиец не биде приведен и сместен позади решетки“.
 
„Законот ќе нема милост спрема нив“, се додава во соопштението.