Свет
29. November 2015 - 12:19

Најмалку 18 загинати во воздушни напади во Сирија

Најмалку 18 лица загинаа, а околу 60 се ранети во градот Ариха во северозападна Сирија, при воздушни напади за кои се претпоставува дека ги извршиле руски авиони, соопшти денеска опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права. 

Сириската проопозициска телевизија Оринет пак јави дека при напад на руски авиони во Ариха загинале 40 лица.

Западните медими јавуваат дека засега нема потврда за ваквите информации, додека руското Министерство за одбрана досега не ги коментираше овие обвинувања.

Ариха се наоѓа во провицијата Идлиб, која е под контрола на неколку бунтовнилки групи, меѓу кои е и огранокот на Ал Каеда во Сирија, Фронтот Ал Нусра.