-->
-->
Најмалку 18 загинати во самоубиствен напад во Авганистан
-->
Најмалку 18 лица, од кои повеќето се цивили, вчера погинале кога бомбаш самоубиец со автомобил влетал во конвој на силите за безбедност во источен Авганистан, соопшти претставник на Министерството за внатрешни работи.
Како што јавуваат американските медиуми, цел на бомбашот била група стражари кои ги обезбедувале американските сили во провинцијата Хост, но повеќето од жртвите во нападот биле цивили.
Одговорноста за нападот ја презеде портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид.
Талибанците ги засилија нападите врз авганистанските безбедносни сили откако минатиот месец најавија пролетна офанзива, потсетуваат американските медиуми.
Нападот се случи на првиот ден од светиот месец Рамазан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи