Свет
7. March 2021 - 18:50

Најмалку 18 цивили загинаа откако два автобуса нагазиле на мини во сириската провинција Хама

Најмалку 18 цивили загинаа кога два автобуса нагазија на мини во близина на градот Саламис, во сириската провинција Хама, јави телевизијата „Ел Ихбарија“.

Во двете несреќи неколку лица се здобиле со сериозни повреди, јави Тасс.

Според првичните информации од истрагата, мините биле поставени од припадници на таканаречената Исламска држава.

На 24 февруари, сириската армија го одби нападот на Исламската држава во сириската пустина, при што загинаа девет војници.