-->
-->
Најмалку 17 жртви и 150 исчезнати во пожарите во Калифорнија
-->
Во пожарите во Калифорнија кои се шират со голема брзина, досега загинаа 17 луѓе, 150 се водат како исчезнати и уништени се околу 1.500 објекти, соопшти денеска државната пожарникарска служба.
Пожарот зафатил повеќе од 46.500 хектари земјиште од неделата кога почна да се шири благодарение на сувото време и силниот ветар.
Повеќе од 90.000 домови и фирми во окрузите Сонома и Напа се без струја, а гас е прекинат за повеќе од 28.000 домови.
Северно од Сан Франциско, огнот целосно уништи куќи во неколку населби.
Десетици илјади луѓе беа приморани на евакуација. Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба во окрузите Напа, Сонома и пет други.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација