Најмалку 17 загинати при турски воздушни напади во Африн
Најмалку 17 лица загинаа минатата ноќ при напад на турски воени авиони врз припадници на сириските провладини сили во едно село во северниот дел на регионот на градот Африн, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон.
Во соопштението се посочува дека меѓу загинатите се тројца припадници на Силите за заштита на народот на сириските Курди, додека останатите жртви се борци на паравоена формација лојална на сирискиот претседател Башар ел Асад.
Борците на сириската провладина паравоена формација минатата недела навлегоа во реонот на Африн, што се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, со цел, како што беше најавено, да им помогнат на силите на сириските Курди да ја одбијат турската офанзива.
Турската армија на 20 јануари во реонот на Африн ја започна воената операција „Маслиново гранче“ против Силите за заштита на народот, со цел, како што најави Анкара, да ги потисне нивните борци од реоните долж сириската граница кон Турција.
Турските медиуми јавија дека борци на бунтовничката Слободна сириска армија, придружувани од припадници на турските специјални единици, утрово навлегле во градот Раџо, северозападно од Африн.
Според истите извори, борците на Слободната сириска армија веќе презеле контрола врз две села близу Раџо и дека напредуваат кон центарот на градот, борејќи се против припадници на Силите за заштита на народот.
Телевизијата Хабертурк информира дека со денешната акција во Раџо почнала втората фаза на операцијата „Маслиново гранче“, која предвидува „прочистување на поголемите наслени места од терористите“.
Според телевизијата, слична акција за следните денови се планира и во градорт Џиндерс, што се наоѓа југозападно од Африн.
Раџо и Џиндерес имаат стартешки важни позиции при евентален обид на сириските бинтовници и турските сили за потиснување на Силите за заштита на народот од градот Африн.
Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автиномија на Курдите во Турција.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, С
Ново на Сител
-
Соработката помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Сојузот на пензионери, тема на седницата на Извршниот одбор
-
Приведен кадец во Струмица
-
Законот за јазици ќе чека до март
-
Ахмети: Отпор ќе има
-
СДСМ: Се враќа Сваровски судството
-
Тајсон: Не се сеќавам на борбата против Пол, дури и не знам зошто го направив тоа
-
Од утре повремени врнежи од дожд, утринските температури значително пониски
-
Одземени записници од Судскиот совет