Свет
6. November 2015 - 8:45

Најмалку 17 загинати при попуштање на брана во Бразил

Најмалку 17 лица загинаа, над 50 се повредени, а околу 40 се водат како исчезнати, откако пукнала брана во југоисточната бразилска федерална држава Минас Гераис, поплавувајќи голема површина во нејзината околина. 

Несреќата се случила во близина на еден рудник, на 300 километри од Рио де Женеиро.

Според претставник на локалните власти, биланснот на жртвите засега не е конечен и би можел да биде поголем.

Како што јави „Раша тудеј“, надојдената вода по урнувањето на браната предизвикала пустош во областа, каде во тек е спасувачка акција и се врши евакуација на локалните жители.