Свет
20. July 2016 - 8:55

Најмалку 17 војници се убиени, а 35 ранети во напад врз воена база во Мали

Најмалку 17 војнице се убиени, а 35 се ранети при напад на воена база во централниот дел на Мали. 

Министерот за одбрана на Мали, Тиман Ибер Кулибали, изјави дека станува збор за „координиран терористички напад“ врз базата во Нампали, но не наведе кој го извел. 

Одговорноста за нападот претходно ја презеде групацијата АНСИПЈ, од етничката заедница Фулани. 

Кулибали објасни дека е запознат со тоа тврдење и истакна, „едно е сигурно, тоа беше терористичка акција чија цел беше воен објект, и ќе следува воен одоговор кој одговара“. 

Владата на Мали соошти  дека ќе ги гони и ќе ги казни напаѓачите, и додаде дека војската ја држи базата Нампала.