Свет
7. January 2017 - 15:27

Најмалку 17 лица загинаа во судири во Јемен

Во судири на брегот на Црвено Море во Јемен денеска загинаа шест војници и 11 бунтовници, соопшти јеменската армија.

Во судирот има голем број повредени од двете страни.

Приврзаниците на јеменската Влада ги нападнаа позициите на бунтовниците на брегот на Дубаба, 30 километри северно од теснецот Баб ал Мадаба, каде Црвено се влева во Арапско Море. Но, владините приврзаници не успеале да ги протераат бунтовниците од нивните позиции.

Теснецот Баб ал Мадаба е под контрола на јеменската Влада од октомври 2015 годиниа, но бунтовниците и понатаму го контролираат целиот брег на Црвениот Море, што претставува закана за меѓународниот воден сообраќај.

Во септември и октомври минатата година бунтовниците стрелаа врз два американски воени брода и врз чамци на Обединетите Арапски Емирати.