Свет
10. јуни 2019 - 11:50

Најмалку 17 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Најмалку 17 лица загинаа кога автобус се преврте врз повеќе автомобили на пат, во југоисточниот дел на Бразил, соопштија локалните власти. Автобусот превезувал 40 патници.

Несреќата се случила на околу 180 километри од Сао Паоло.