Свет
30. March 2017 - 9:11

Најмалку 17 лица загинаа во бомбашки напад во Багдад

Најмалку 17 лица загинаа, а над 60 се ранети, кога бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот, сместен во камион, на контролен пункт во јужниот дел на Багдад, изјавија претставници на полицијата, јави ТАСС.

Напаѓачот со кренал во воздух камионот меѓу други автомобили, кои чекале проверка во колоната пред пунктот. Некои од соседните возила се запалиле во експлозијата.

Ниту една групација досега не ја презела одговорноста за експлозијата.