Свет
29. May 2017 - 9:12

Најмалку 164 лица загинаа во поплавите и свлечиштата во Шри Ланка

Најмалку 164 лица загинаа во поплавите и лизгањата на земјиштето, што ја зафатија Шри Ланка, како последица на поројните дождови, јави Синхуа. 

Според претходните информации без покрив над главата останале половина милион лица. 

Кон крајот на минатата недела претседателот на островската држава Маитхрипала Сирисена ги посети најпогодените региони и им вети на локалните жители, дека ќе им бидат изградени нови живеалишта.