Свет
1. January 2016 - 15:48

Најмалку 16 луѓе загинаа во бомбашки напад во Рамади

Во експлозија на бомба во ирачкиот град Рамади загинаа најмалку 16 луѓе.

Во Рамади се уште е тензично и покрај тоа што градот неодамна беше ослободен од припадниците на екстремистичката Исламска држава.

ИД сега изведува поединечни напади и терористички саботажи, а жртвите на нападите воглавно се цивили.

Рамади е ослободен од терористите во понеделникот по големата офанзива на ирачката армија.