Свет
3. April 2017 - 22:04

Најмалку 16 лица загинаа при воздушни напади врз предградие на Дамаск

Најмалку 16 лица загинаа во денешните напади изведени врз Дума, предградие на сирискиот главен град Дамаск, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Меѓу загинатите има три деца. Во нападите загинало цело семејство, истакна активистот Мазен аш Шамил, кој се наоѓа во Дума, но без да соопшти повеќе детали.

Сириските трупи го засилија бомбардирањето на области околу Дамаск контролирани од опозицијата.