Најмалку 15 жртви поради обилните дождови во Кина
– Најмалку 15 лица, меѓу кои две деца, загинаа во обилните дождови што го зафатија јужниот дел на Кина, објавија денеска државните медиуми.
Три деца беа однесени од порој во областа Синченг, во Гуангси. Едно дете преживеа, а две починаа, соопштија локалните власти.
Осум лица загинаа при уривање на две згради поради лизгање на земјиштето во провинцијата Фуџијан, во близина на источниот брег на Кина, објави официјалната новинска агенција Синхуа, повикувајќи се на информативната канцеларија на округот Вупинг.
Уште пет луѓе загинаа, а тројца се водат како исчезнати во провинцијата Јунан, во југозападна Кина, објави државната телевизија CTV на својата веб-страница.
Дождот оштети патишта, мостови и телекомуникациски и електрични капацитети во округот Џиубеи во Јунан, кој се наоѓа на околу 130 километри северно од границата со Виетнам.
Пет жртви се пронајдени вчера во урната фабрика во Фуџијан, а уште три во урната станбена зграда, јави Синхуа.
Поројниот дожд започна во четвртокот вечерта во округот Вупинг, кој се наоѓа на околу 210 километри во внатрешноста од крајбрежниот град Сиамен.
Повеќе од 1.600 луѓе беа евакуирани во таа област.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари