Свет
9. јуни 2016 - 12:48

Најмалку 15 загинати во несреќа во Бразил

Најмалку 15 лица загинаа, а 31 е повредено, откако синоќа возач на автобус изгубил контрола над возилото што се движел по гребен во бразилската сојузна држава Сао Паоло, соопштија денеска локалните власти.

Несреќата се случи изминатата вечер, и е предизвикана од магла. Во автобусот имало вкупно 46 патници, од кои повеќето биле ученици,  пренесува Танјуг. 

Меѓу загинатите е и  возачот. Другите настрадани биле ученици од три училишта во градот Мохи дас Крусес.

Автобусот прво преминал на другата лента, а потоа удрил во карпа, по што се превртел и се излизгал по улицата. 

Годишниот биланс на жртви од сообраќајните незгоди во Бразил е 43.000.