Свет
27. May 2019 - 9:15

Најмалку 15 загинати во нереди во затвор во Бразил

Повеќе од 15 затвореници ги загубија своите животи во немири што избија вчера во северната бразилска држава Амазонас, објавија денеска официјалните претставници.

Во затворот Анисио Жобим во Манас, главен град на Амазонас, изби масовен судир меѓу затворениците.

Ситуацијата денеска е под контрола, а полициски хеликоптери и понатаму ќе го надлетуваат затворот.

Во истиот зтавор, во 2017 година дојде до бунт, во кој 56 лица загинаа.