Свет
5. November 2017 - 9:31

Најмалку 15 полицајци повредени на курдски протести во Дизелдорф

Најмалку 15 германски пролицајци се повредени при судири меѓу припадници на полицијата и група курдски демонстранти во градот Дизелдорф.

Протестите беа организирани во знак на поддршка на Курдската работнича партија, која се наоѓа на листите на терористички организции на ЕУ, САД и Турција.

До судирите дошло кога демонстрантите одбиле да го послушаат повикот на полицијата да се разотидат и почнале да фрлаат со различни предмети кон полицајците. На овам полицијата одговорила со употреба на солзавец.

Покрај 15-мината полицајци, при судирите се повредени и двајца демонстранти, а деветмина други се приведени.

Според полицијата на протестот учествувале околу 6.000 лица, кои носеле курдски знамиња и слики со ликот на лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој се наоѓа на издржување доживотна казна затвор во Турција.