Најмалку 14 возови на „Еуростар“ не сообраќаат поради затворање за сообраќај на пругата во Лондон
Најмалку 14 возови на „Еуростар“ денеска не сообраќаат меѓу градовите во континентална Европа и Велика Британија поради затворањето на пругата во близина на Лондон, соопшти компанијата.
Поради инфраструктурен проблем на линијата за супер брзи возови во близина на Лондон, принудени сме да откажеме некои линии што поаѓаат од Лондон и чија дестинација е Лондон, напиша компанијата „Еуростар“ на своите мрежни станици.
Овие откажувања, кои се случуваат за време на еден од најпрометните викенди во годината, ќе заглават илјадници патници.
Според британската новинска агенција PA, железничкиот сообраќај е во прекин поради поплавен тунел на југот на Англија. Линиите ќе бидат во прекин до крајот на денот бидејќи се очекуваат обилни врнежи.
Патниците од возовите на „Еуростар“ на 21 декември се соочија со голем број откажани линии поради штрајкот што го парализираше тунелот под Ла Манш.
Ново на Сител
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
-
Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените
-
Намалени водостоите на езерата
-
Вина „Монтеко“ – Ризница од вкусови со уникатен печат
-
Тешка сообраќајка кај Железничка, со автомобил завршил на бетонските жардињери | ФОТО
-
50 годишна професорка нападната од колега во Виница