-->
-->
Најмалку 14 лица загинаа во бурите и торнадата во САД
-->
Најмалку 14 луѓе загина во нетипичните бури и торната што ги зафатија јужните делови на САД. Во невремето повредени се десетици луѓе, а уништени се и десетици автомобили, домови и објекти во изградба.
Американските сојузни држави Мисисипи, Тенеси и Арканзас се погодени од бури и торнада. Во Атланта и Северна и Јужна Каролина има обилни врнежи од дожд и громови.
Поради бурите илјадници домаќинства од Мисисипи до Мичиген останаа без електрична енергија.
Од Алабама до Њујорк температурата на воздухот на Бадниковата вечер се искачи над 20 степени Целзиусови. Во Њујорк измерени се рекордни 22,2 степени, што е највисока температура од 1871 година.
Во Вашингтон беа измерени 21,5 степени, а во Норфолк во Вирџинија - 28 степени Целзиусови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата