Свет
20. February 2022 - 8:30

Најмалку 138 лица загинаа во свлечишта и поплави во Бразил

 Бразилските спасувачи вчера открија нови тела под купишта кал во југоисточниот град Петрополис, уништен од поплави и свлечишта во кои, според новиот биланс, загинале 138 луѓе, меѓу кои 26 деца.

Обилни дождови наврнаа во вторникот во градот со 300.000 жители, кој се наоѓа на 60 километри северно од Рио де Жанеиро, претворајќи ги улиците во порои од кал и предизвикувајќи лизгање на земјиштето.

Повеќе од 500 пожарникари, хеликоптери и кучиња трагачи сè уште се мобилизирани, иако шансите за пронаоѓање на преживеани се сè помали.

Од почетокот на акцијата за спасување, пронајдени се 24 преживеани, но не е јасно колку луѓе се водат како исчезнати.