Свет
24. January 2020 - 10:46

Најмалку 13 жртви во невремето Глорија во Шпанија

Расте бројот на жртви во невремето Глорија што го зафати медитеранскиот дел на Шпанија, а локалните власти информираа дека загинале 13 лица, додека четворица се водат како исчезнати.

Шпанските медиуми објавија дека четири лица загинале во Каталонија, пет во Валенсија, две во Андалузија, по едно во регионите Кастилја и Астурија.

Источна Шпанија во неделата беше погодена од невреме со обилни врнежи од дожд, снег и град, како и со ветрови до 100 километри на час.