Свет
24. October 2016 - 8:46

Најмалку 13 мртви во судар на автобус и камион во Калифорнија

Најмалку 13 лица загинаа во силниот судар на еден автобус и камион, јавува „Лос Анџелес Тајмс“.

Други 31 лице се повредени и пренесени во болница, меѓу кои петмина се наоѓаат во критична состојба.

Сударот се случил на патот близу до Палм Спрингс, во јужна Калифорнија.

Од силината на ударот, уништена е половината од автобусот, но полицијата засега не може да кажа која е причината за оваа тешка сообраќајна несреќа.

Локалните медиуми пишуваат дека автобусот патувал кон Лос Анџелес и дека во него имало патници кои биле во посета на казината во тој дел од оваа американска сојузна држава.

Возилото е во сопственост на малата автобуска компанија „УС Холидеј“, која е специјализирана да ги разнесува посетителите по казината и да ги враќа во Лос Анџелес.

Претставнк на комисијата за безбедност во патниот сообраќај на Калифорнија изјави дека компанијата имала добар рејтинг, кога станува збор за безбедноста, затоа што немала никаков инцидент повеќе од две години.

Возачот на автобусот бил еден од сопствениците на компанијата „УС Холидеј“.