Свет
9. August 2017 - 10:09

Најмалку 13 лица загинаа, 175 повредени во земјотресот во Сечуан

Најмалку 13 луѓе загинаа, a 175 се повредени во земјотресот со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала, што го погоди планински дел на Сечуан во југозападна Кина, соопшти провинциската Влада.

Епицентарот бил на 200 километри северозападно од Гуангјуан во Сечуан, на длабочина од 10 километри.

Властите проценуваат за најмалку 100 загинати и неколку илјади повредени.

Северозападниот регион Сенџијанг изутринава беше погоден од нов земјотрес со интензитет од 6,6 степени.

Во Боро-Тала-Монголскиот автономен округ (Сингјанг-Ујгурскиот автономен регион), во северозападниот дел на Кина покрај границата со Казахстан има 19 настрадани. Претходно беше соопштено за три хоспитализирани луѓе.

Потресите во тој регион уништиле 90 објекти и предизвикале лизгање на земјиште, соопштија властите.