Свет
22. February 2016 - 18:05

Најмалку 13 лица загина во самоубиствен напад во Авганистан

Претставник на авганистанските власти денеска изјави дека во самоубиствен напад врз полициски офицер загинале најмалку 13 лица, од кои деветмина цивили во северната провинција Парван.

Генерал Заман Мамозај, началник на полицијата во Парван изјави дека нападот бил извршен во близина на болница и пазар.

Во нападот повредени се 19 луѓе од кои 17 цивили. Цел на нападот бил полициски офицер, кој е повреден.

Талибанците презедоа одговорност за нападот.