Свет
21. March 2017 - 8:40

Најмалку 13 лица се убиени, 33 се ранети во напад во шиитски кварт во Багдад

Најмалку 13 лица се убиени, а 33 се ранети вчера во напад со автомобил-бомба во шиитски регион  на ирачкиот главен град Багдад, изјавија силите за безбедност, јави ДПА.  

Автомобилот, паркиран на фреквентна трговска улица во јужниот кват Ал Амел, експлодирал синоќа.

Досега никој не ја презел одговорноста за нападот. 

Нападот беше извршен на 14 годишнината од почетокот на воената операција во Ирак за соборување на режимот на Садам Хусеин, предводена од САД.

Американскиот претседател денеска во Белата куќа ќе го прими ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.