Свет
22. December 2016 - 9:11

Најмалку 13 ирачки војници загинаа во самоубиствен напад во Рамади

Најмалку 13 ирачки војници вчера загинаа во самоубиствен напад западно од престолнината Багдад, јави телевизијата „Ал Џазира“, цитирана од ТАСС.

Автомобил-бомба бил кренат во воздух на патот на колона од воени возила во близина на Рамади, административниот центар на западната провинција Анбар.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за нападот и жртвите.