Свет
22. September 2016 - 19:27

Најмалку 12 луѓе загинаа при напад во Сирија

Најмалку 12 луѓе, меѓу кои и „министер во сенка“ од сириската опозиција, загинаа во денешниот напад со автомобил-бомба во јужна Сирија.

  - При напад со автомобил-бомба во градот Инхил загинаа 12 лица, меѓу кои и Јакуб ал Амар, министер во сенка за локална администрација. Десетици се повредени изјави претставник на опозицијата Шади ал Џунди.

Меѓу жртвите има и членови на опозицијата, бунтовници и претставници на локалната власт.