Свет
4. May 2019 - 13:22

Најмалку 12 лица загинаа во циклонот Фани во Индија

Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во тропскиот циклон Фани, што ја зафати Индија.

Најмногу луѓе настрада од паѓање на дрвја.

Циклонот ја погоди провинцијата Одиша на источниот брег на Индија, како бура од петта категорија, со силни дождови и ветер со јачина до 205 километри на час.

По копното, циклонот се сврте кон североисток и почна да слабее, но сепак потопи голем број села на границата со Бангладеш.

Околу 1,2 милиони жители на Бангладеш се префрлени во околу 4.000 засолништа.

Аеродромот во Бубанешвар претрпе значителни оштетувања, но се уште е отворен.

Си-Ен-Ен соопшти дека индиската Влада одвоила 144 милиони долари за помош на погодените подрачја.

Циклонот Фани е најсилната бура која го погодила овој дел на Индија од 1999 година, кога во тропски циклон загинаа најмалку 10.000 луѓе.

Сезоната на циклони во Бенегалскиот залив трае од април до декември.