Свет
10. May 2018 - 8:50

Најмалку 11 жртви во песочна бура во Индија

Најмалку 11 лица загинаа, а 25 се повредени во песочна бура која го погоди северниот дел на Индија, вторпат во последните седум дена.

Претставникот на Владата Аваниш Авасти изјави дека бурата, проследена со обилни врнежи дожд и ветар кој достигнувал брзина и до 100 километри на час, синоќа ги погодила западните делови на индиската држава Утар Прадеш.

Бурата корнела дрва и уништила десетици куќи. Неколку градови и села останале без струја.

Минатата недела, во песочна бура која е невообичаена за овој период, во пет индиски држави загинаа најмалку 120 луѓе, а 200 беа повредени.