Најмалку 11 загинати при експлозија во рудник во Украина
Најмалку 11 рудари загинаа денеска при експлозија на метан во рудник за јаглен во западниот украински регион Лавов, јави ТАСС.
Претседателот на Конфедерацијата на слободните синдикати на Украина, Олександар Волинец на својот профил на Фејсбук објави дека инцидентот се случил во рудникот „Степова“.
Украинската Служба за вонредни состојби претходмо соопшти дека при експлозијата загинале осуммина рудари, шестмина се повредени, а 20 други се водат како исчезнати.
Експлозијата се случила во 12.46 часот по локално време (11.46 часот по средноевропско време), на длабочина од околу 550 метри под површината на земјата.
Во време на експлозијата во рудникот имало вкупно 172 рудари, од кои 34 се наоѓале во реонот на инциднетот.
Причините за експлозијата засега не се познати.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација